четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 15
home Хроника

Приведено едно лице во Гостивар: На неговиот имот пронајдени огревни дрва без потребна документација

Приведено едно лице во Гостивар: На неговиот имот пронајдени огревни дрва без потребна документација

На 20 август 2020 околу 21.30 часот во гостиварско Орќуше, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода У.Џ.(39) од ова село, на негов имот биле пронајдени огревни дрва за кои не ја поседувал потребната документација.

Претходно, огревни дрва без документи за нивно пренесување му биле пронајдени и во неговото возило „рено кангу“, со гостиварски регистарски ознаки, кое полициските службеници го запреле на влезот во Гостивар, во близина на Здуњската крстосница.

Возилото и дрвата со потврда се одземени, a У.Џ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Коронавирус