Хроника уапсените биле малолетници

Приведени тројца разбојници, дел од украденото е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Денеска (10.11.2023) во 00.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје, поради тоа што на 09.11.2023 околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје, со закана со остар предмет од две лица одзеле пари.

Приведени тројца разбојници, дел од украденото е пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

To top