вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Хроника

Приведени три лица во чиј автомобил е пронајдена марихуана

Приведени три лица во чиј автомобил е пронајдена марихуана

Полицијата вчера привела три лица во близината на гостиварското село Зубовце, во чиј автомобил била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, вчера околу 17.20 часот во близина на гостиварското село Зубовце, полициски службеници запреле патничко моторно возило „фиат типо“ со италијански регистарски ознаки, во кое се наоѓале Г.И.(18) од гостиварско Дебреше, С.А.(27) од Гостивар и А.А.(18) од Врапчиште.

-При нивен и преглед на возилото била пронајдена марихуана. Тројцата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, се појанува во соопштението од МВР.