понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Приведени три лица: Пронајдена мини лабараторија и стебла канабис во Визбегово

Приведени три лица: Пронајдена мини лабараторија и стебла канабис во Визбегово

На 24.09.2020 околу 15 часот, по претходно добиени оперативни сознанија на Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје,во с.Визбегово, Скопје, извршени се претреси во дом и други простории на И. П. (38),при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

При тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39).

Потоа се извршени претреси во домот на Г.Ј.,при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис. Трите лица се приведени.

Коронавирус