понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени три лица од Скопје поради извршена тешка кражба

Приведени три лица од Скопје поради извршена тешка кражба

На 28.01.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.К.(25), Ф.К.(23) и Ф.И.(29), сите од Скопје, затоа што на 27.01.2021, во периодот од 21.30 до 23.30 часот, извршиле тешка кражба во продажен објект во спортски центар во Скопје.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, а тие биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ЕУРО 2020

Македонија