четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Хроника

Приведени три лица од Скопје барани со потерница

Приведени три лица од Скопје барани со потерница

Според објавениотбилтен на МВР, во текот на вчерашниот ден во Скопје приведени биле три лица барани со потерница.

На 17.06.2022 во 21.20 часот на ул.„Герника” во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – потраги Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Д.(31) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово за доиздржување затворска казна од една година и осум месеци, а бил осуден на четиригодишна казна. Лицето било предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

На 17.06.2022 во 18.05 часот на ул.„Македонско-косовска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(22) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 17.06.2022 во 12.10 часот на ул.„Христо Смирненски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(29) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Коронавирус