сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени татко и син од Тетово, во автомобилот имале 12 килограми марихуана

Приведени татко и син од Тетово, во автомобилот имале 12 килограми марихуана

На 30.08.2019 околу 14:00 часот во Тетово, на земјениот пат од с.Фалише кон с.Сараќино, во паркирано патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(27) од Тетово, биле пронајдени околу 12 кг марихуана.

Во 17:10 часот бил пронајден и сопственикот на возилото Г.М.(27) и заедно со неговиот татко Н.М.(53) биле приведени во СВР Тетово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.