петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени татко и син од Шуто Оризари – кај нив биле пронајдени 255 пакетчиња марихуана

Приведени татко и син од Шуто Оризари – кај нив биле пронајдени 255 пакетчиња марихуана

На 07.04.2021 година во 19.15 часот на подрачје на Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена наредба, извршија претрес во домот на Н.Д.(54) од Скопје, при што пронајдени се 255 пакетчиња марихуана подготвена за продажба, како и марихуана која не била спакувана и дигитална вага на која имало остатоци од марихуана.

Од слобода се лишени Н.Д. и неговиот син Т.Д.(31). По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус