четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени шест лица – затворен угостителски објект во скопско

Приведени шест лица – затворен угостителски објект во скопско

На 27.02.2021 околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Коронавирус