понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени разбојници во Кисела Вода, украденото ќе биде вратено на сопствениците

Приведени разбојници во Кисела Вода, украденото ќе биде вратено на сопствениците

Полициски службеници од ОКР Кисела Вода на 04.02.2021 ги приведоа Ф.Г. (20) и В.С. (20) од Скопје поради основано сомнение дека на 26.01.2021 извршиле разбојништво над З.Ц., доставувач во правно лице и му одзеле пари.

Во службениот разговор, приведените го признале делото и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

На 05.02.2021 полициски службеници од ОКР Кисела Вода ги приведоа Е.Д. (21) и Џ.И. (19) поради основано сомнение дека истиот ден извршиле „тешка кражба“ во куќа на ул. Драга Стојанова и украле пари, накит и мобилен телефон.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

ЕУРО 2020

Македонија