понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 40
home Хроника

Приведени неколку мигранти – кај нив бил пронајден пиштол со куршуми!

Приведени неколку мигранти – кај нив бил пронајден пиштол со куршуми!

Кумановската полиција приведе шест мигранти, меѓу нив и лице од Пакистан, кај кого пронашла пиштол со неколку куршуми, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 18:30 часот во село Ваксинце по претходно добиени оперативни сознанија од страна на Одделот за криминалистичка полиција Куманово биле приведени шест мигранти од Пакистан. По извршената контрола кај лицето М.Р.(33) од Пакистан бил пронајден еден пиштол со неколку куршуми-известија од кумановската полиција.

Од СВР Куманово информираат дека сите лица се приведени за понатамошна постапка. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија