сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 72
home Хроника

Приведени млади македонски фудбалери

Приведени млади македонски фудбалери

Вчера (12 септември) околу 19:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовски Тетекс и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на Фудбалскиот клуб Кадино од истоименото скопско село.

Приведени се поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.

Покрај тоа, Д.М. удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.

Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Коронавирус