четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Хроника

Приведени крадци од Скопје обвинети за тешка кражба

Приведени крадци од Скопје обвинети за тешка кражба

На 22.07.2021 полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.М.(19) и С.Б(23), двајцата од Скопје, поради постеоње основано сомнение дека на 14.01.2021 извршиле кривично дело „тешка кражба“ од домот на К.Д.(35) од Скопје.

По спроведени мерки и активности било констатирано дека трет соучесник во кривичното дело е А.Д.(19), кој од пред 10 дена е на издржување на затворска казна. Во врска со случајот бил повикан и Д.М.(33) од Скопје, кој ги откупил предметите претходно украдени од трите лица и од него се одземени дел од нив и ќе бидат вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против М.М., С.Б. и А.Д. ќе биде поднесена пријава по член 236 – „тешка кражба“, а против Д.М. по член 261 – „прикривање“ од Кривичниот законик.

Коронавирус