сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 43
home Хроника

Приведени крадци од Штип, украденото вратено на сопственикот

Приведени крадци од Штип, украденото вратено на сопственикот

На 17.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лишени се од слобода Н.Т.(21), Д.А.(18) и Г.С.(18), сите од Штип, поради сомнение дека околу 02.15 часот на ул.„Јајце“ во Штип со употреба на сила и подобен алат извршиле тешка кражба од товарно моторно возило „ивеко стралис“, со штипски регистарски ознаки.

Украденото е одземено од приведените и ќе биде вратено на сопственикот. По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус