понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 67
home Хроника

Приведени две млади лица од Скопје – неколку дена пред Нова Година извршиле кражба во казино

Приведени две млади лица од Скопје – неколку дена пред Нова Година извршиле кражба во казино

На 13.01.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба. Притоа, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето. Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот.

Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коронавирус