петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени две лица во ресенско, затекнати при пустошење на шума

Приведени две лица во ресенско, затекнати при пустошење на шума

На 06.07.2022 во 19:40 часот во Ресен на место викано „Бакојца“, помеѓу с.Златари и с.Сопотски, полициски службеници од Полициска станица Ресен во содејство со вработени од Македонски шуми-Ресен, ги лишиле од слобода Р.О.(60) и С.В.(39), двајцата од Ресен.

Тие се затекнати како вршат сеча на дабови дрва, со што сториле кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл.226 од Кривичниот законик.

На лице место биле пронајдени и одземени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, две патнички моторни возила и моторна пила.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус