понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 8
home Хроника

Приведени две лица од Дебар кај кои се пронајдени 20-тина килограми марихуана

Приведени две лица од Дебар кај кои се пронајдени 20-тина килограми марихуана

Тетовската полиција приведе две лица од Дебар откако во возилото со кое се превезувале се откриени 20-тина килограми марихуана.

-Попладнево, околу 17 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки во кое се превезувале две лица. Возилото го управувал 21-годишник, а како совозач бил 27-годишник, двајцата од Дебар. При нивен и преглед на возилото биле пронајдени 20-тина килограми марихуана. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Возилото е одземено за вештачење, додека увидните активности се уште се во тек.