вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 62
home Хроника

Приведени две лица, нелегално поседувале оружје и муниција

Приведени две лица, нелегално поседувале оружје и муниција

На 11.01.2022 од полициски службеници од Полициското одделение Чашка биле лишени од слобода М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп. При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17.00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола.

Лицата се приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус