недела, 18. август 2019. Вести денес: 52
home Хроника

Приведени две лица кои се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

Приведени две лица кои се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.

Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички  и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.