Полициски службеници вчера во близина на гостиварско Калиште ги затекнале Р.О. и З.Ш., двајцата од истото село, кои биле на лов со уредна дозвола за оружје и дневна дозвола.
-Кај нив била пронајдена отстрелана срна, за која не поседувале дозвола за отстрел. Тие биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор „Маздрача“ и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.