Денеска (20.12.2020) во 14.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Ш.(46) и Б.А.(20), двајцата од Тетово, затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства.
Кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал. Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи.