четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 64
home Хроника

Приведени дилери, запленет метадон (ФОТО)

Приведени дилери, запленет метадон (ФОТО)

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, денеска околу 12 часот во скопската општина Чаир запреле патничко моторно возило „сеат толедо“ со штипски регистерски ознаки, управувано од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип и при извршен преглед во возилото се пронајдени 30 шишиња метадон.

Лицата се лишени од слобода, а по добиена судска наредба полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во дом кај А.П. во Штип и при претресот се пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Локални избори 2021