петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени четири лица фатени при кражба

Приведени четири лица фатени при кражба

На подрачјето на Мирковци од страна на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци вчера во 17.10 часот лишени се од слобода Р.Н.(54), И.М.(22) и двајца малолетници, затоа што биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело кражба од деловен субјект, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат украдените предмети најдени кај нив се вратени на сопственикот, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Коронавирус