петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 133
home Хроника

Приведени албански државјани, поради злоупотреба на туристички престој

Приведени албански државјани, поради злоупотреба на туристички престој

Тројца албански државјани ќе бидат депортирани во матичната земја, откако биле приведени под сомнение дека работеле на гостиварското подрачје, а имале дозволи само за туристички престој. Во изминатиов период тие биле ангажирани за изведување градежни работи во мавровскиот крај.

Според СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 45 минути, во Маврово, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле Г.Ш.(36), К.Т.(32) и К.Т.(30). Тројцата се државјани на Република Албанија и има сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој.

По приведувањето албанските државјани задржани се во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. (MИА)

Коронавирус