петок, 3. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

Во живо

Мицкоски на средби со граѓани во Шуто Оризари

home Хроника

Приведени 79 лица, вкупно 126 не ја почитувале забраната за движење

Приведени 79 лица, вкупно 126 не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (25/26.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата  држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени  се  79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  18 прекршоци.  За последните 24 часа на територијата на Република Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Парламентарни избори 2020