сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 85
home Хроника

Приведени 24 танчарки од странство во угостителски објект во Тетово

Приведени 24 танчарки од странство во угостителски објект во Тетово

Синоќа при акциска контрола од полициски службеници, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчарки од кои две македонски државјанки, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина). Тие биле приведени.

Исто така, и кај едно женско лице од Албанија (танчарка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од селото Радуша-скопско бил пронајден нож.

Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово.

Од полицијата информираат и дека во угостителски објект во селото Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РСМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

Коронавирус