четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Приведени 19 лица од Куба: Сакале нелегално да ја напуштат Македонија

Приведени 19 лица од Куба: Сакале нелегално да ја напуштат Македонија

Во текот на вчерашниот ден во два наврати на ГП Богородица се затекнати мигранти од Куба, кои престојувале во Македонија и илегално се обиделе да ја напуштат.

На 26.09.2021 во 20:40 часот во Гевгелија и во близина на граничната линија со Република Грција, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени 15 лица мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

На 26.09.2021 во 17.20 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени четири лица мигранти од Куба, кои илегално влегле од државата. Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Локални избори 2021