недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Хроника

Приведена жена која се обидела да замине од Македонија со туѓ пасош

Приведена жена која се обидела да замине од Македонија со туѓ пасош

Жена се обидела со туѓа патна исправа преку охридскиот аеродром да отпатува од Македонија.

Полицијата соопшти дека вчера во 19:00 часот на Граничниот премин-Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето Б.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа. Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и притоа била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р..

Жената била приведена и предадена за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Коронавирус