четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Хроника

Приведен велешанец поради кражба на автомобил – возилото е вратено кај сопственикот

Приведен велешанец поради кражба на автомобил – возилото е вратено кај сопственикот

На 10.02.2021 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.Б. на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека возилото на 09.02.2021 било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од с.Зелениково, скопско.

Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок.

ЕУРО 2020

Македонија