недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Хроника

Приведен угостител од тетовско, објектот работел по дозволеното време

Приведен угостител од тетовско, објектот работел по дозволеното време

На 26.12.2020 во 21.30 часот во с.Пирок,тетовско од полициски службеници од Полициско одделение Камењане е лишен од слобода Џ.Џ.(34) од с.Пирок, сопственик на угостителски објект во с.Пирок .

Лицето било приведено бидејќи објектот работел после предвиденото законско време и во него имало 15 гости, со што сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ казниво по чл.206 од Кривичниот законик.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус