четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен тинејџер од тетовско поради лажни профили на Инстаграм

Приведен тинејџер од тетовско поради лажни профили на Инстаграм

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Џ.(19) од с.Боговиње, тетовско, поради постооење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, на социјалната мрежа “Instagram” креирал лажни профили за кои прибирал, обработувал и користел лични податоци на малолетничка од тетовско село, со што ѝ наштетил на нејзините чест и углед.

Пријавениот бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка.

Коронавирус