четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Хроника

Приведен струмичанец, во возилото имал кокаин

Приведен струмичанец, во возилото имал кокаин

На 16.07.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност на наплатна станица Миладиновци извршиле преглед на патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В.(46) од Струмица, а со живеалиште во с.Костурино, струмичко.

При прегледот, во возилото бил пронајден кокаин.

Т.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус