среда, 14. април 2021. Вести денес: 47
home Хроника

Приведен скопјанец за тешка кражба- ќе лежи во Идризово 7 ипол години

Приведен скопјанец за тешка кражба- ќе лежи во Идризово 7 ипол години

Денеска околу 17 часот, во тетовско Раотинце, полициски службеници на Секторот за меѓународна полициска соработка-Оддел за потраги на МВР, во содејство со СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопско Коњаре, осуден на седум и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела “тешка кражба”, согласно член 236 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, С.М. ќе биде спроведен во КПУ”Идризово” во Скопје за издржување на казната.

Коронавирус