понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 206
home Хроника

Приведен скопјанец, во неговиот дом било пронајдено оружје и голем број на куршуми

Приведен скопјанец, во неговиот дом било пронајдено оружје и голем број на куршуми

На 22.01.2021 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д(49) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 10 куршуми, еден ловен патрон, една пушка модел „маузер“, пиштол „застава“ со две рамки, ловечка пушка „баикал“, 385 куршуми калибар 9мм, 151 куршуми 3х57 и 102 куршуми калибар 7х9.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Коронавирус