петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Хроника

Приведен скопјанец поради семејно насилство, му се заканувал и на полицаец

Приведен скопјанец поради семејно насилство, му се заканувал и на полицаец

Полицијата вчера го привела 37 годишниот Р.Б.

Од МВР информираат дека околу 12,40 часот во Скопје, на улица „Лука Геров“, при преземање на мерки по претходна пријава за семејно насилство, Р.Б. упатувал закани по животот на полицискиот службеник и агресивно се однесувал, по што бил приведен.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.