среда, 1. февруари 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец кој вознемирувал и тепал девојка

Приведен скопјанец кој вознемирувал и тепал девојка
илустрација

На 13.07.2021 во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ц.(56) од Скопје, постапувајќи по пријава од 51-годишен скопјанец, според која во 20.20 часот во стан на подрачјето на Карпош неговата ќерка била вознемирувана и физички нападната од пријавениот.

Лицето е приведено во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.