четврток, 22. април 2021. Вести денес: 49
home Хроника

Приведен скопјанец- ќе лежи 2 години во затвор за измама

Приведен скопјанец- ќе лежи 2 години во затвор за измама

Полициски службеници денеска привеле скопјанец за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“, соопшти вечерва МВР.

– Денеска во 13:30 часот на ул.„Мариовска” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле А.Ј.(32) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 3 од Кривичниот законик се наведува во соопштението на Министерството.

Лицето било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Коронавирус