Вчера во 20.15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле Г.С.(44) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „телесна повреда“, по член 130 од Кривичниот законик, информира МВР.
Во 21.00 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.