понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Хроника

Приведен на скопски аеродром: Косовец приложил македонски пасош на име на лице од Арачиново

Приведен на скопски аеродром: Косовец приложил македонски пасош на име на лице од Арачиново

На Граничниот премин „Меѓународен aеродром Скопје“, вчера во 11:40 часот поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен X.J.(41) од Косово.

За патување тој приложил македонска патна исправа на име на лице од с.Арачиново, скопско.

Додека, при личен преглед и преглед на неговиот багаж била пронајдена косовската патна исправа.

Х.Ј. бил предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Коронавирус