четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 86
home Хроника

Приведен млад скопјанец кој бил баран со потерница 

Приведен млад скопјанец кој бил баран со потерница 

Денеска (19.05.2022) во 12.00 часот во нас.Топанско поле-Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(26) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основно јавно обвинителство Скопје, а му била определена мерка притвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Коронавирус