недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Хроника

Приведен маж од тетовско, пронаjдено оружjе во неговиот дом

Приведен маж од тетовско, пронаjдено оружjе во неговиот дом

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Б.З.(32) од с.Копанце, тетовско.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62мм, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62мм и еден куршум калибар 7,65мм, информираат од СВР Тетово.

З.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот и со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.