сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен малолетник во Скопје, признал дека извршил кражба

Приведен малолетник во Скопје, признал дека извршил кражба

На 27.07.2021 од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром е приведен 17-годишник од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во продажен објект на подрачјето на Аеродром.

-Во координација со Јавен обвинител за малолетници и во присуство на родител со него е извршен разговор, при што тој во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување, информира МВР.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус