петок, 7. мај 2021. Вести денес: 148
home Хроника

Приведен лажен полицаец од Тетово

Приведен лажен полицаец од Тетово

На магистралниот пат Гостивар-Кичево вчера во 20.10 часот било забележано паркирано патничко возило „Мазда“  со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓал С.М. (40) од Тетово.

Од страна на полициски службеници бил направен  преглед на возилото и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на С.М., фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот Полиција.

Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик на Република Македонија, С.М. (инаку евидентиран како сторител на кривични дела “измама“) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Коронавирус