недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Хроника

Приведен крушевчанец поради шверц на мигранти

Приведен крушевчанец поради шверц на мигранти

Во СВР Куманово вчера во 09.30 часот  е приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Од МВР појаснуваат дека истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.

Во комбето биле пронајдени 45 лица-мигранти и тоа 42-ца од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан.

– Возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „голф“ и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија денеска од МВР.