петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 136
home Хроника

Приведен криумчар на мигранти кај село Богородица

Приведен криумчар на мигранти кај село Богородица

Вчера околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје.

При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус