вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Приведен криминалец од скопско, расчистени 9 кривични дела

Приведен криминалец од скопско, расчистени 9 кривични дела

На 01.12.2020 од страна на Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ф.(37) од Скопје, за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.

-Од страна на Одделението за криминалитсички работи Гази Баба расчистени се 9 кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази. Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје информира МВР.

По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор.

Коронавирус