среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец баран од германската полиција и Интерпол, пронајдени и две малолетнички

Приведен криминалец баран од германската полиција и Интерпол, пронајдени и две малолетнички

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага попладнево на улица „МАНАПО“ во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница го привеле С.Х. (44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија.

По трите лица Интерпол трага од 22 фебруари 2018 година.

Коронавирус