Хроника мвр

Приведен крадец во Кавадарци, расчистени шест кривични дела „ тешка кражба“

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново, соопшти МВР.

Приведен крадец во Кавадарци, расчистени шест кривични дела „ тешка кражба“

По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново, соопшти МВР.

-Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“. Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети, стои во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

To top