сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 91
home Хроника

Приведен крадец- украдените предмети ќе бидат вратени на сопственикот

Приведен крадец- украдените предмети ќе бидат вратени на сопственикот

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 19.50 во Куманово, го лишиле од слобода Е.Р. (25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 20.09.2021 од куќа на Б.Р. на ул.„Средорек“ во Куманово одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени кај друго лице, на кое му ги продал и ќе бидат вратени на сопственикот.

Е.Р бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус