петок, 5. март 2021. Вести денес: 74
home Хроника

Приведен крадец, расчистени 22 тешки кражби

Приведен крадец, расчистени 22 тешки кражби

По преземени мерки и дејствија и претходно добиени оператвни сознанија, полицијата во Штип на 18.01.2021 го лишила од слобода П.И.(25) од село Црвулево, општина Карбинци, осомничен дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба“ од куќи и работни машини во село Црвулево, општина Карбинци.

– Осомничениот П.И. во периодот од месец октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на с.Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба“, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со О.А.(27) од село Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати, информираа денеска од МВР.

Дел од предметите биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

Од МВР посочуваат дека се работи на целосно комплетирање на кривично правните настани, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Коронавирус